Испораката на роба на територијата на Република Македонија се врши преку курирската служба Карго Експрес.
Трошоците за испорака се на товар на купувачот, според ценовникот на курирската служба што ја врши доставата.
Робата се доставува во работни денови до 14:00 часот.
Правила за испорака на роба
Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката – (првата врата, дворна врата од куќа, влезна врата од зграда). При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи.
При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостиг на некој дел доколку производот е составен од повеќе делови. Доколку се констатира некој од предходно наведените недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација.Испорака на производите ќе се прави на целата територија на Р. Македонија. Испорака на производи надвор од територијата на Р. Македонија не правиме.
Нарачките примени во работните денови до 14:00 часот се пакуваат и се испраќаат истиот ден или најдоцна следниот ден, а вообичаеното време за испорака е во рок од 2 (два) до 3 (три) работни дена од моментот на известување за потврда на нарачката преку е-пошта.
За нарачки примени на работен ден пред празник, испораката може да се очекува првиот работен ден по празникот.
Испораката на робата не се врши во Недела и за време на државни празници.
Ве молиме известете ни дали има некакви проблеми со испораката.
Доколку се појави некаков проблем при испораката на пакетот, курирската служба генерално ги контактира клиентите телефонски, па затоа ве молиме да обезбедите ажурирани информации за контакт и да одговорите на телефонот, се со цел да го добиете нарачаниот пакет што е можно поскоро.
Во случај да имате некаков проблем со вработените во курирската служба или каков било проблем со самата пратка, ве молиме веднаш да не информирате на телефон: 023093 393 или на e-mail : info@digit.net.mk или sales@digit.net.mk