Политика на приватност

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој Дигит компјутерски инженеринг, ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци при посета на интернет страницата www.https://digit.net.mk/  и/или користење на услугата за веб продажба на Дигит компјутерски инженеринг, која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Достава”. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

1. Кои лични податоци ги собираме

При посета на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за on-line купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.

При Ваша Регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, Дигит компјутерски инженеринг ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

• вашето име и презиме

• адреса

• телефонски број

• адреса на е-пошта

При користење на услугата On-line купување, Дигит компјутерски инженеринг ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

• вашето име и презиме

• адреса

• телефонски број

• адреса на е-пошта

При користење на услугата Рефундирање на средства, Дигит компјутерски инженеринг ги обработува Вашите лични податоци и тоа:

• вашето име и презиме

• информации за Вашата трансакциска сметка

При користење на услугата Контакт во Информации, Дигит компјутерски инженеринг ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

• вашето име и презиме

• адреса на е-пошта

2. Начин на собирање на личните податоци

Податоците при Вашата регистрација на интернет страницата и при користење на услугата за on-line купување се собираат директно од вас, односно на начин што Вие лично и директно ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).

3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

Дигит компјутерски инженеринг ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;

• администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;

• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;

• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.https://digit.net.mk/ (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)

• за рефундирање на средства;

• за контакт по пат на електронска пошта;

 ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

• овозможување на on-line користење на нашите услуги и производи;

• администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;

• навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 5;

• за реализација на on-line нарачките достапни на интернет страницата www.https://digit.net.mk/ (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)

• за рефундирање на средства;

• за контакт по пат на електронска пошта;

4. Начин на обработка на Вашите лични податоци

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани  коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.

Обработката на Вашите лични податоци Дигит компјутерски инженеринг ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Дополнително, Дигит компјутерски инженеринг применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

5. Политика за начин на вршење на обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг

Вашите лични податоци може да ги користиме за да Ви праќаме директни маркетинг соопштенија за нашите производи и услуги или за нашите поврзани услуги, вклучително и нашите објавувања на најновите производи и на претстојни настани. Тоа може да биде во форма на е-пошта, постирање, SMS, телефонски или целни интернет-реклами. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и Ви праќаме соопштенија за кои сметаме дека ќе бидат интересни и релевантни за Вас, врз основа на податоците што ги имаме за Вас.

Вашите лични податоци ги користиме за цели на директен маркетинг исклучиво врз основа на Ваша согласност за обработка на Вашите податоци за цели на директен маркетинг која имате право да ја дадете при пристап и користење на истата.

При регистрација како нов корисник, имате право да ја дадете својата согласност со одбирање на опцијата: “Сакам да добивам новости на мојата е-маил адреса за”, и дополнително имате право да ја дадете својата согласност да добивате новости. Одбирањето на оваа опција не претставува услов за да се регистрирате како нов корисник.

Вие имате право во секое време да побарате од нас да не испраќаме маркетинг соопштенија и да не ги користиме Вашите лични податоци кога вршиме профилирање за целите на директен маркетинг. Може да одбиете да примате електронски вести и други маркетинг соопштенија, доколку ги следите упатствата за одбивање содржини во електронските пораки, преку следење на линковите за исклучување на определена опција во долниот дел од електронската порака: „За да се одјавите од овој newsletter, Ве молиме кликнете тука.“

Или, Вашите права може да ги остварите на едноставен начин со контакт на:

Е-маил адреса: sales@digit.net.mk

Контакт телефон: +389 023093 393

6.Давање податоци на користење на трети лица

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

7. Пренос на лични податоци во други држави

Дигит компјутерски инженеринг не врши пренос на лични податоци во трети држави.

8. Промена на политиката на приватност од Контролорот

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на нашата интернет страна, како и датумот на ажурирањето. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. Оттука, Ве молиме периодично да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени. Со продолжување на пристапот и користењето на нашата интернет страна, корисникот се согласува со измените и ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

9. Датум на објава на Политика на приватност

21.04.2025 година

Услови на користење

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Дигит компјутерски инженеринг, значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

Услов за користење на веб-сајтот www.https://digit.net.mk/  е успешна регистрација на Клиентот. Во рамки на регистрацијата на Клиентот ќе му биде понудено да ги прифати овие Општи услови за користење и Изјавата за приватност, чиешто прифаќање е предуслов за користење на услугите на веб-сајтот.

На веб-сајтот на www.https://digit.net.mk/  може да купувате и како гостин без регистрација. На почетокот од процесот на купување ќе ви бидат достапни линковите кон Општите услови за користење како и Изјавата за приватност. Купувачот гостин го упатуваме секако да ги прочита и да се запознае со нивната содржина.

Податоци за компанијата:

Назив: Дигит компјутерски инженеринг
Адреса: Бул.Партизански одреди бр.62,мезанин Скопје
Контакт телефон: 00389 2 3093393
Веб страна: www.digit.net.mk
Email: sales@digit.net.mk
Даночен број: MK