Политика на замена/враќање на производи и поврат на парични средства

Потрошувачот има право да го замени или врати производот во согласност со Законот за заштита на потрошувачите.

Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот со исклучок доколку производот се враќа поради рекламација за оштетувања на истиот. Во тој случај потрошувачот е должен рекламацијата за видливи оштетувања на производот да ја направи веднаш при приемот на производот.

За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Политика важат следните законски услови:

производот да не бил употребуван од страна на потрошувачот;

да се сочувани изгледот, употребните својства, и фабричките етикети на производот;

при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува целокупната пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

Во случај да нема заменски производ и купувачот побара поврат на платениот износ, средствата за купениот производ се враќаат во иста форма како кога е платен производот:

Доколку сте го платиле истиот во готово, ќе бидат вратени средствата во готово.
Во случај кога сте го платиле со платежна картичка, средствата се враќаат преку сторнирање на трансакцијата во матичната банка.

Во ваков случај постапката од страна на ДИГИТ се врши веднаш, меѓутоа процедурата до комплетна реализација во банките може да потрае до 30 дена, во зависност од банката.

За замена / враќање на производ купен online на нашата интернет страна ДИГИТ ОНЛИНЕ важат истите услови со напомена дека сите трошоци за транспорт/достава на производот се на сметка на купувачот.

Доколку клиентот лично го донесе производот/ите во одделот за интернет продажба и производот ги исполнува условите за замена, замената/повратот на средства ќе биде извршен веднаш.

Доколку клиентот сака производот да го врати преку служба за достава, потребно е претходно да го најави истото. По пристигањето и извршена проверка на производот ќе биде реализирана замената/повратот на средства за истиот.