Почитувани Потрошувачи,
Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.
Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Дигит компјутерски инженеринг, значи дека сте запознaени со нашите Услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.
Услов за користење на веб-сајтот www.https://digit.net.mk/ е успешна регистрација на Клиентот. Во рамки на регистрацијата на Клиентот ќе му биде понудено да ги прифати овие Општи услови за користење и Изјавата за приватност, чиешто прифаќање е предуслов за користење на услугите на веб-сајтот.
На веб-сајтот на www.https://digit.net.mk/ може да купувате и како гостин без регистрација. На почетокот од процесот на купување ќе ви бидат достапни линковите кон Општите услови за користење како и Изјавата за приватност. Купувачот гостин го упатуваме секако да ги прочита и да се запознае со нивната содржина.
Податоци за компанијата:
Назив: Дигит компјутерски инженеринг
Адреса: Бул.Партизански одреди бр.62,мезанин Скопје
Контакт телефон: 00389 2 3093393
Веб страна: www.digit.net.mk
Email: sales@digit.net.mk
Даночен број: MK