Дигит компјутерски инженеринг е водечка компанија со повеќе од 30 години искуство во испорака на квалитетни хардверски решенија и стручна техничка поддршка за компании од сите големини
Експертиза што работи за Вас
Сопствен магацин и логистика за максимална ефикасност
Поддршка и одржување од искусни техничари
Дигит компјутерски инженеринг успешно работи на пазарот повеќе од 30 години, нудејќи иновативни и високо квалитетни хардверски решенија за секој клиент. Од нашето основање, се посветивме на задоволување на потребите на големи и мали компании, обезбедувајќи им најсовремени производи, точна и навремена испорака, лиценциран сервис, како и комплетна поддршка во сите фази на процесот.
Нашиот тим за продажба е достапен за да ви помогне со сите детали и да ги обезбеди најприкладните решенија според вашите потреби. Секој член на нашиот тим има длабоко разбирање за производите што ги нудиме, како и за пазарот и индустријата, што ни овозможува да ви понудиме стручни совети и персонализирани препораки.
Со сопствен магацин, обезбедуваме висока достапност на производите, што ни овозможува брзо да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и да ја гарантираме навремената испорака. Без разлика дали станува збор за мал хардвер или специфични компоненти, секогаш сме тука да ви помогнеме со најдоброто решение.
Покрај тоа, располагаме со сопствен сервис и сервисен тим составен од високо обучени лица со долгогодишно искуство кој нуди брза и ефикасна поддршка за сите ваши хардверски потреби. Како и тим логистика кој ќе се погрижи за точна и навремена достава.
Ние се стремиме да изградиме долгорочни партнерства со нашите клиенти преку, доверба и највисок квалитет. Со нас, можете да бидете сигурни дека добивате не само висококвалитетни производи, туку и поддршка која е тука кога ви е најпотребна.
Погледнете ги и останатите ставки од нашиот каталог за да дознаете повеќе за нашата понуда и за она што можеме да го направиме за Вас и за Вашиот бизнис.